Промоција на ”Македонија 2025” во Мелбурн

Минатиов вторник во ресторанот MARKOV Beer & Dining во Карлтон се одржа промоција на "Македонија 2025", што е непрофитна и непартиска организација за промоција на македонската економија, образование и идните лидери.

Околу четириесет луѓе беа присутни на претставувањето на организацијата до бизнисмените и поединците од заедницата во Мелбурн.
Говор одржа организаторот на средбата Ник Лазаревски, а со своја презентација беа и "Boots for Balkans" што собира спортска опрема за донација во Македонија и на Балканот и Софија Шутова од компанија Seed of Life.
После тоа присутните имаа можност за дружење во неформална атмосфера.
Македонија 2025 е започната пред една декада во 2007 година во Америка, а ги отвори своите канцеларии во Скопје во 2012 година а сега гради мрежа низ целиот свет каде има македонска дијаспора. Организацијата "Македонија 2025" е со намера да се зголеми интересот за инвестирање во Македонија со што би се подобрила економијата и животот во Републиката.