Новиот генерален конзул Бети Коруновска: Дa ја насочиме нашата позитивна енергија

На натпреварот што се одигра во неделата меѓу Престон Македонија и Алтона Ист, на стадионот во Резерво, конзулката Бети Коруновска беше прогласена за почесен член на клубот.

Претседателот Зоран Трајчески на  фамилијата Коруновски им посака добредојде дарувајќи ги со меморабилија од клубот. 

Госпоѓо Коруновска, ќе сакате ли да им го претставите Вашето CV на нашите читатели?  Каков е Вашиот првичен впечаток за Австралија и за луѓето што Ве опкружуваат?

Пред се, поздрав до сите читатели на вашиот весник, како и до сите Македонци насекаде во Австралија. Инаку, јас доаѓам на оваа функција од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, каде ги извршував задачите и обврските на работното местоДржавен советник за аналитика, јавна дипломатија и дипломатски архив. Таа позиција, ми даде убава можност да се запознам со иселенички прашања, како и со актуелната ситуација во иселеничките средини во цел свет, каде што живеат Македонци.

Што се однесува до мојот впечаток за Австралија, како што знаете, овде сум само четири недели и сеуште не сум имала прилика да ги видам сите знаменитости, но од тоа што досега имав прилика да го видам, Мелбурн е град кој воодушевува со својата убавина. Исто така,имав чест да се сретнам со бројни наши Македонци, кои се добро етаблирани во поширокото австралиско општество и навистина се гордост не само за Австралија, туку и за Република Македонија. Ова се факти, кои ми ги потврдија и неколку австралиски политичари со коиостварив средби.

Задоволни ли сте од условите за работа на генералниот конзулат во Мелбурн?  Кои се Вашите приоритети во мигов и дали наидовте на срдечност во македонската заедница?

Генералниот конзулат на РМ во Мелбурн е дипломатско конзуларно претставништво на нашата татковина. Не е тешко човек да биде задоволен кога работи за интересите на својата земја. Исто така, морам да потенцирам дека сите луѓе со кои досега сум се сретнала тука, сенавистина срдечни и гостопримливи. Со задоволсво сакам да кажам дека, секој австралијанец од македонско потекло е добредојден да се обрати до нас, за било каков проблем, прашање или совет, за да можеме во границите на нашата надлежност да им излеземе во пресрет.

Што се однесува на нашите приоритети, ние како Генерален конзулат на РМ се залагаме за се поголема соработка со надлежните власти на државата Викторија, како и со сите австралиски државни институции,со кои би ги зацврстиле трговско-економските односи меѓуАвстралија и Македонија, а во тие рамки ја ставам сестраната соработка со македонската заедница, која е една од најголемите во иселеништвото. Досега, имавме неколку билатерални парламентарни посети и ќе продолжиме да работиме на интензивирање на политичка соработка.

Кога можат да Ве контактираат или сретнат на работното место нашите читатели?

Како што веќе најавив, Генералниот конзулата на Република Македонија е дипломатско конзуларно претставништво, отвотрено за интересите на нашите сонародници во дијаспората, во овој случај во Австралија. Истите се добредојдени да се обратат за било кое прашање во работно време -еднакво со работното време на државните институции во Мелбурн или да ја посетат нашата интернет адреса "http:// Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. " Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , каде можат и поe-mail да ни се обратат. Ова значи отвореност запоширока соработка и секојдневни контакти со македонската заедница.

Веројатно набрзо ќе ја почувствувате црковната поделеност во заедницата, но дали ќе се обидетеда влијаете за нејзино елиминирање во прилог на единство и сплотеност?

Пред се, морам да кажам дека тоа прашање е присутно во македонската заедница во Австралија подолги години. Од интерес на Република Македонија, како и на македонската кауза е, што побрзо, ова прашање да биде надминато, за час поскоро да можеме да се концентрираме конразвојот на нашите заеднички стратешки интереси, а тоа би биле што поголема трговско-економска, како и политичка соработка помеѓу Викторија, а во тие рамки и Австралија со Република Македонија. Во ова кратко време, успеав да видам огромен потенцијал во редовите нанашето иселеништво, што значи, има кој да придонесува за зајакнување на тие односи. Колку побрзо ја насочиме нашата позитивна енергија кон тие цели, толку подобро за двете држави.

Со оглед на животот во далечна земја, како успевате да си го направите престојот во Австралија посодржаен и поквалитетен?

Како што веќе кажав, едната причина за немањето прилика да си го разубавам престојот во Австралија е кусото време откако сум дојдена, а втората е од професионална природа. Прилично сум зафатена со интензивно работење на унапредувањето и зајакнувањето набилатералните односи помеѓу Република Македонија и државата Викторија и во тие рамки наидов на одличен прием од домаќините. Секако, во погодно време, ќе посветам вниманите на откривање на убавините на Австралија.