Копачки за Балкан

Минатата седмица на стадионот на Лајло Јунајтед Слога за време на тренинзите беше и спортскиот амбасадор на Boots for Balkans, фудбалската ѕвезда од А–лигата Даниел Георгиевски. За време на двочасовната посета тој даваше автограми и се дружеше со младите фудбалери. Повеќе од 100 пара копачки беа донирани.

Љупче Ацевски е новиот тренер на Престон Македонија

Минатиот вторник Љупче Ацевски ја презеде позицијата на тренер во Престон Македонија од Желко Поповиќ.  Злате Груевски со пуштена рака го дочека Ацевски во Престон Македонија. Замената на Поповиќ дојде поради слабите резултати постигнати во новата сезона. 

Кило Волци – Гизборн ФК 2:2

Петта државна лига на Викторија запад, 2 коло

Освоен е првиот бод за Волците кои играјќи нерешено со Гизборн 2–2 ги поделија бодовите.
Во сабота, на 8 април, Кило Волци играат во гости кај Лара Јунајтед со почеток во 15 часот.

Крегибурн Сити – Пленти Вали Лајонс 7:2

Петта државна лига на Викторија север, 2 коло

После минатонеделниот нерешен резултат не се очекуваше толку тежок пораз на гостувањето кај лидерот на табелата.
Во сабота, на 8 април, Леринчани ја пречекуваат екипата на Резерво Јети со почеток во 15 часот.

Бакстер ФК – Нобл Парк Македонија 2:2

Четврта државна лига на Викторија југ, 2 коло

Во сабота, на 8 април, Нобл Парк Македонија игра на домашен терен каде ја пречекува екипата на Розбад Харт со почеток во 15 часот.

Даребин Јунајтед – Лајло Јунајтед Слога 0:2

Четврта државна лига на Викторија север, 2 коло

Сигурна победа на Кенгурите при гостувањето кај Даребин. Важно е на секоја средба да се дава максимумот и да се укнижуваат поени со цел да се врати една лига погоре овој наш клуб.

Во сабота, на 8 април, Лајло Јунајтед Слога на домашен терен ја пречекува екипата на Гринваел Јунајтед со почеток во 15 часот.

Австралија – Обединети Арапски Емирати 2:0

Австралија оствари круцијално важна победа во квалификациониот натпревар од квалификационата Б-група за Светското првенство во Русија. "Сокерусите" мораа да победат бидејќи беа три бода зад Јапонија и Саудиска Арабија, кои истата вечер играа со најслабите репрезентации во групата. Јапонија убедливо го совлада Тајланд со 2:0.

Младите играчи на Алтона Меџик Вардар “растураат”

Со доаѓањето на Игор Георгиевски како претседател на Алтона Меџик Вардар, многу работи во клубот тргнаа на добро. Покрај првиот тим се формираа уште неколку други, повеќе младински екипи, како и женска екипа.

Лавертон Парк – Кило Волци 4:2

Петта Четврта државна лига на Викторија запад, 1 коло
Нашите Волци имаа тежок натпревар во гости против Лавертон Парк кој оствари сигурна победа.
Следното коло што се игра в сабота, на 1 април, Кило Волци на домашен терен ја пречекуваат екипата на Гизборн со почеток во 15 часот.

Пленти Вали Лајонс – Кембелфилд Лајонс 1:1

Четврта државна лига на Викторија север, 1коло
Леринчани ја започнаа сезоната играјки нерешено и освојувајки еден бод. Следното коло што се игра в сабота, на 1 април, Леринчани играат на теренот на Крегибурн Сити со почеток во 15 часот.